Прејди на содржината

Презиме

Од Википедија — слободната енциклопедија

Презиме – семејно име што се наследува, обично, по машка линија или што се добива (по избор) при стапување во брак.[1] Презимето е дел од личното име на граѓанинот и може да содржи повеќе зборови.[2]

Правопис

[уреди | уреди извор]

Презимето како и името според Правописот на македонскиот јазик се пишува со голема буква.[3]

Прекарите кон презимињата се пишуваат со цртичка (на пр. Петар Стојковски-Бабец), како што се пишува и презимето на сопругот додадено на моминското презиме при стапување во брак (на пр. Тодорка Кондова-Зафировска) .[4]

Во македонскиот јазик како и во некои други словенски јазици, како и во литванскиот и летонскиот, женските презимиња по правило се разликуваат по форма од машките заради морфолошките одлики на јазикот. На пример, синот од семејството Петровски вообичаено го добива презимето Петровски, а ќерката Петровска.

Најчести презимиња во Македонија

[уреди | уреди извор]

Најчестите презимиња во Македонија се: Стојановски, Николовски, Јовановски, Петровски и Ивановски.

  1. ↑ „презиме“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. ↑ Закон за личното име Архивирано на 24 септември 2020 г. на семрежната страница на МВР
  3. ↑ „Правопис на македонскиот јазик, 2017, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков" – Скопје, стр. 43“. Архивирано од изворникот на 2019-01-21. Посетено на 2019-03-12.
  4. ↑ „Правопис на македонскиот јазик, 2017, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков" – Скопје, стр. 67“. Архивирано од изворникот на 2019-01-21. Посетено на 2019-03-12.