Прејди на содржината

Мегалополис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Споредба на ноќни сателитски снимки (во размер) на два мегалополиса: Босваш во САД и Таихејо во Јапонија

Мегалополис (старогрчки: μεγᾰλό-πολις, дословно = „голем (опширен) град“, од μέγας — „голем, огромен, велик“ + πόλις — „град“) — најкрупен облик на населување, што се образува со сраснување на низа градски агломерации.[1] Синоними се зборовите „надград“ и „мегарегион“, кои добиле проширување во англосферата.[2]

Со поимот „мегалополис“ не треба да се меша поимот „мегаполис“, кој се применува кон кој било град со население над 1 милион жители.[3]

Општи податоци

[уреди | уреди извор]

Мегалополисот е крајно урбанизиран, како правило стихијно создавачки облик на градско населување, што настанува по пат на сраснување на неколку градски агломерации[1] во земји во кои постојат крајно урбанизирани региони. Поимот потекнува од името на старогрчкиот град Мегалопол, настанат како резултат на соединување на повеќе од 35 населби на Аркадија.[1] Дословно мегалополис во превод од грчкиот јазик значи град со претерани димензии, каде што префиксот мегало- претставува количина во преуголемен размер.[4]

За првпат поимот бил искористен од шкотскиот социолог и градостроител Патрик Гедес во 1915 г. во книгата „Градови во развој“ (англ. Cities in Evolution), и од германскиот социолог и филозоф Освалд Шпенглер во 1918 г. во книгата „Запаѓањето на Европа“. Во 1938 г. американскиот социолог и градостроител Луис Мамфорд во својата книга „Култура на градовите“ го опишал мегалополисот како прва етапа од градскиот прекумерен развој и социјален пад. Подоцна го искористил во 1954 г. францускиот географ Жан Готман за означување на целосната градска градба (со должина над 1000 км и ширина на места до 200 км) по атлантскиот брег на САД — меѓусебно поврзани агломерации на Бостон, Њујорк, Филаделфија, Балтимор, Вашингтон (со население од 40 милиони луѓе).[5] Последната понекогаш ја нарекуваат „Босваш“ (англ. Bos-Wash) или „Североисточен Мегалополис“.

Жан Готман го определил населението на мегалополисот на 25 милиони луѓе. Грчкиот архитект и градостроител Константинос Доксијадис определил мали мегалополиси како група со население од околу 10 милиони луѓе.[5][6][7] Американскиот економист Ричард Флорида пишува дека мегарегионот треба да одговара на три основни критериуми: непрекинато осветлена област со повеќе поголеми градски центри, население — не помалку од 5 милиони, вкупен обем на производство на стоки и услуги — повеќе од 100 милијарди долари. Според ова определување во светот постојат 40 мегарегиони.[5] America 2050, програма на американската организација Асоцијација за регионално планирање, набројува 11 мегарегиони во САД и Канада.[6][8]

Кон мегалополисите не можат да се природат одделни, дури и многу големи агломерации, на пример, метрополитенските области на Мадрид, Париз, Милано и Берлин.

  1. 1 2 3 «География: Современная иллюстрированная энциклопедия»: «Мегало́полис». Автори: Гл. редактор Горкин А. П. М.: «Росмэн», 2006—624 с. ISBN 978-5-353-02443-9
  2. ↑ „Антонов Е. В., Махрова А. Г. Крупнейшие городские агломерации и формы расселения надагломерационного уровня в России. Известия РАН. Серия географическая. № 4 (2019)“. Архивирано од изворникот 2021-02-28. Посетено на 2020-12-02.
  3. ↑ Ханна Параг. Коннектография. Будущее глобальной цивилизации. МИФ. Бизнес. стр. 69/432. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)
  4. ↑ Definition of the prefix megalo- Архивски примерок на Семрежниот архив (англиски) . The American Heritage® Dictionary of the English Language, Fourth Edition copyright ©2000 by Houghton Mifflin Company. Updated in 2009. Published by Houghton Mifflin Company.
  5. 1 2 3 Richard Florida (2008-03-19). „Who's Your City?: What Is a Megaregion?“. MoneyWatch. CBS News. Архивирано од изворникот 2016-05-30. Посетено на 2016-06-08.
  6. 1 2 „Megaregions“ (англиски). America 2050. Архивирано од изворникот на 2017-05-16. Посетено на 2014-01-05.
  7. ↑ „Cities: Capital for the New Megalopolis“. Time magazine (англиски). 1966-11-04. Архивирано од изворникот на 2013-08-27. Посетено на 2016-06-08.
  8. ↑ „About Us - America 2050“ (англиски). America 2050. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 2014-10-05.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]